https://www.flickr.com/photos/anwar-nillufary/31791425972/in/photolist-Qrinm1-cQ3vS9-27PB8z9-2GxdN-23JLvSZ-2jSab7-2PQam-6uSsxW-243Tj8o-aRrAyg-6naoGS-apFqa3-t947er-8SSRTd-23xganf-asZZsh-b9Jfdn-7Mi3oR-4U5QsH-8dbv4p-4n2L8W-gPWLMv-9R16RY-6rrZ68-vFCH89-ojDGH2-4AQko2-KfHFFk-8X5vRj-bUwD5B-cm7kPJ-DVDFk-6jLKmM-2iYqQK-4qwZ6R-Vw8zWx-27TKzWo-ecHTge-R3TSLt-drS3Dc-5eMYQc-JcqCDt-faNqR-amYV2H-2ZiUAt-b81qDn-6ofPkF-EcWbQr-R9DgMC-227FSGA

25.09.2022 Скопје

Шпанија планира да издаде визи за „дигитални номади“, давајќи им можност на Британците, но и на жителите на земји кои не се членки на ЕУ да работат со пониски трошоци за живот со даночни олеснувања. Визите ќе им бидат понудени на луѓе кои работат на далечина за компании надвор од Шпанија и кои остваруваат најмногу 20% од нивните приходи од шпански фирми.

Се очекува дека визите ќе важат една година, со можност за обновување до пет години, во зависност од околностите на апликантот, а блиските роднини, како што се брачниот другар или децата, ќе имаат право да им се придружат на носителите на новите визи.

Апликантите мора да доаѓаат од земји кои се надвор од Европската економска заедница и да можат да покажат дека работат од дома најмалку една година, а мораат да имаат и договор за вработување или, доколку се хонорарци, да покажат дека редовно биле исплаќани од компанија надвор од Шпанија. Исто така, ќе мора да покажат дека ќе заработат доволно за да бидат самодоволни и дека имаат адреса во Шпанија. Во првите четири години ќе се оданочуваат со стапка од 15%.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author