https://www.flickr.com/photos/fred_mac/8090484619/sizes/c/

27.09.2022 Скопје

Владеачката Шкотска национална партија (СНП) соопштила дека Шкотите се еден народ и побарал независност, наведувајќи го во аргументите прогласувањето на независноста на Косово кое го призна Велика Британија.

Огромно мнозинство на експерти веруваат дека барањето на лидерката на партијата Никола Стурџон за нов референдум во Октомври следната година ќе биде одбиено, бидејќи законот за Шкотска јасно вели дека Кралската резиденција во Шкотска не може сама по себе да носи закони за областите во Кралството.

Партијата СНП соопштила дека , иако британскиот парламент е можеби врховен законодавец во Обединетото Кралство, нема право да се меша во основното право на самоопределување. Во барањето на СНП како аргумент бил наведен Повелбата на Обединетите нации од 1945, канадскиот судски спор околу Квебек и британската поддршка за независноста на Косово во 2008 година.

Покрај тие аргументи имале додаденои некои историски, вклучувајќи два од1689 и 1707 година во кои се тврди дека Шкотите треба да се сметаат како народ. Народот може да се дефинира според државните граници, како што беше случајот со независноста на поранешните колонии територии, навела партијата СНП.

Шкотите во 2014 година имаат одржано референдум за независност, на кој 55 отсто од населението гласаа против независност.

Подготвено од М.Н.

About Author