23.09.2022 Скопје
Шарл Мишел, претседателот на Советот на Европа, изјавил дека Русија треба да биде суспендирана од членството во Советот за безбедност на ОН. Воедно, истакнал дека кога држава со статус – постојана членка на Советот за безбедност ќе почне неиспровоцирана и неправедна војна, војна што е осудена од Генералното Собрание, по автоматизам треба да биде суспендирана од Советот за безбедност.
Претседателот на Советот на Европа, Мишел, повика на реформи во ОН, а посочи и дека правото на вето во рамки на Советот за безбедност треба да биде исклучок, а не правило.
Во Советот за безбедност на ОН, постојано членство имаат Кина, САД, Франција, Велика Британија и Русија, со право на вето на резолуциите.
Согласно Повелбата на ОН, Советот за безбедност на ОН освен што е најмоќното меѓународно тело чии одлуки се обврзувачки за државите-членки на Светската организација, Советот за безбедност сноси „главна одговорност за одржување на мирот и безбедноста во светот“.
Подготвено од А.Ѓ.