29.09.2022 Скопје
Јетон Шаќири, министерот за образование и наука, верува дека во текот на првото полугодие ќе бидат готови учебниците кои недостасуваат. Воедно, изјави дека со почетокот на новата Концепција за основно образование се изготвени и нови програми, коишто се однесуваат на прво, второ, четврто и петто одделение, потенцирајќи дека после основањето на Националниот совет за учебници, основан во јануари-февруари, направен е јавен повик за пријавување на автори.
Министерот за образование и наука, Јетон Шаќири, информира дека од последната комуникација што ја имал со Националниот совет, сите книги што се прифатени, се упатуваат во Бирото за образование и потоа се чека мислење од рецензентите.
Подготвено од А.Ѓ.