26.09.2022 Скопје
Северна Македонија нема да ги признае манипулативните референдуми кој ќе се одржуваат во некои делови во Украина со цел Русија да анектира територии од таа земја, изјавил министерот за надворешни работи Бујар Османи. Според Османи тие што се на страната на Русија се против сопствените национални интереси, бидејќи најважно е Украина да биде победник во војната со Русија.
Министерот за надворешни работи има изјавено дека тие манипулитивни референдуми не алармираат и нас, не само како земја која ќе претседава со ОБСЕ, туку и во однос на нашите национални интереси. Тоа го загрозува сите независни држави, особено помалите како што е и Северна Македонија и ние никогаш нема да ги признаеме резултатите од тие референдуми, изјавил министерот Османи.
Во последниот период Северна Македонија нема официјални контакти со Русија, а како што изјавил Османи, нема контакти и со Амбасадата на Руската Федерација во Скопје.
Министерот Бујар Османи изјавил дека позицијата на Северна Македонија е јасна, Русија изврши агресија на меѓународното право на Украина и тоа мора да се прекине а потоа ќе се размислува за нормален однос со Русија.
Подготвено од М.Н.