26.09.2022 Скопје
Од земја која бара поддршка за својата меѓународна позиција, пред Обединетите нации Северна Македонија стана земја од која се бара поддршка и која активно придонесува за колективна безбедност, прво како земја членка на НАТО, како земја која е преговарач со ЕУ, и како престојна земја претседавач со ОБСЕ.
Министерот за надворешни работи Бујар Османи вака го оцени минатонеделното присуство на 77-то Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, во рамките на владината делегација која беше предводена од премиерот на Северна Македонија, Димитар Ковачевски.
Според Османи, станува збор за квалитативна разлика во наравот бидејќи, пред Северна Македонија, други земји ги претставувале своите проблеми.
Според министерот Османи, земјите кои учествувале на Генералното собрание сметаат дека нашата држава е успешна приказна која што може да послужи како добар пример по однос на внатрешлната меѓуетничка хармонија и мултиетничка функционална демократија, со средени односи со соседите во едно навистина тешко време.
Подготвено од М.Н.