https://www.flickr.com/photos/aldeparty/51739331868/in/photolist-2mQ2AN1-2ngbUCm-2mQPDZK-2mQ1oxQ-2mQJbfk-2nap8qE-2nam7Qi-2nanDtd-2namrX3-2nag5ny-2nag5mS-2nanDJ8-2gmhtRm-2ngcuwR-2ntMVor-2ngcCob-2m5DRVN-2nam8ha-2nanDUo-2ngbVH7-2namskN-2gmhWKT-2m4PiTg-2m4T9Sg-2m4PvG1-2mkFnfS-2m55oZY-2m56rxP-ZZufCs-PNfoix-2mkP6wZ-2mkKaJ6-2mxT9Z7-ZZufiu-ZZufmL-ZZufuS-222hpUA-2mkKaNV-2mxUkXQ-2mkFnnL-H9Ptp8-2necn9c-2gmhu9A-2nag5uH-2nana5U-2nam8qM-2napQr7-2napQqA-2mEiTFb-2m5Jg5x

09.09.2022 Скопје

На Европската Унија и е потребна Северна Македонија исто како и на Северна Македонија што и е потребна Европската Унија, секоја земја станува полноправна членка со својата историја и свој идентитет, така ќе биде и во овој случај со Северна Македонија. Европратеникот Илхан Ќучук потенцирал дека Северна Македонија го има изберено патот да изгради мултиетничко општество во кое сите ќе коегзистираат.

Охридскиот рамковен договор ги има поставено основите за овој соживот, кој е станат како пример за мултикултурна демократија. Северна Македонија свесно го има изберено патот на добрососедство и пријателство, потпишувајќи го Договорот со Бугарија во 2017 година и Договорот од Преспа во 2018 година, со што го отвори патот на земјата кон НАТО и кон Европската Унија. Ќучук кажал дека Северна Македонија сега е почитувана членка на НАТО, а наскоро ќе биде и почитувана земја членка на Европската Унија.

Ќучук посочил дека секоја земја членка влегува во ЕУ со свој идентитет и историја, и дека така ќе биде и овој случај со Северна Македонија, бидејќи Европската Унија ги почитувала различностите која ја имаат секоја од земјите членки во Унијата.

Тој во своето обраќање истакнал дека Европа е континент на можностите, а и сите млади македонци требада имаат до сите програми кои ќе придонест за нивен личен развој. Ќучук потенцирал дека имало и многу изгубена доверба во Европската Унија, но тоа се должело најчесто на непознавањето и стравот од непознато.

Подготвено од М.Н.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *