https://www.facebook.com/photo/?fbid=653901359424522&set=ecnf.100044139924327

22.09.2022 Скопје

Северна Македонија како земја членка на ОБСЕ Тројката и иден претседавач со организацијата го поддржуваат ангажманот на полското претседателство и на генералната секретарка за намалување на тензиите и стабилизација на состојбата по прекинот на огнот меѓу Киргистан и Таџикистан, кажал министерот за надворешни работи Бујар Османи, на средбата со киргистанскиот колега Жинбек Кулубаев, на маргините на 77-то Генерално собрание на Обединетите нации.

Со соопштение од Министерството за надворешни работи, истакнале дека Кулубаев ги претставил видувањата на Киргистан во однос на неодамнешните вооружени судири на границата меѓу Киргистан и Таџикистан.

Министерот за надворешни работи Бујар Османи, го поздравил постигнатиот прекин на огнот и последователниот напор кој го превземаат за мирно решавање на кризата. Министерот Османи, посочил дека Северна Македонија како членка на ОБСЕ ја поддржува таа одлука и секогаш како држава е за опцијата секој конфликт да биде решен на мирен и дипломатски разговор и истакнал дека се надева така ќе биде решен и конфликтот кој е актуелен во Европа, односно војната инвазија на Русија врз Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author