https://www.facebook.com/photo.php?fbid=498847545577999&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

02.09.2022 Скопје

Денес е повеќе од јасно дека Република Северна Македонија, Србија и Албанија со иницијативата Отворен Балкан го направиле вистинскиот чекор во клучен момент. Земјите се зближиле за да ја унапредат регионалната соработка на патот кон ЕУ, заедно со конкретни чекори ќе се посветат за олеснување на слободно движење на луѓе, стоки и трговија и да се градат добрососедски односи, изјавил премиерот Димитар Ковачевски на отворањето на лидерскиот Самит „Отворен Балкан“ во Белград.

Ковачевски во своето обраќање, нагласил дека оваа соработка, отвара заеднички пат, земјите да се справат со предизвиците за обезбедувње на храна и енергенси, кои се како последица од пандемијата и војната во Украина.

На овој Самит, ќе се потпише договор за оперативен план за справување со катастрофи со кој ќе се овозможи олеснување на процедурите и скратување на времето потребно за помош таму каде што ке биде најпотребно.

Во своето обраќање премиерот Ковачевски изјавил дека Северна Македонија, Србија и Албанија се единствениот регион во светот кои имаат граници меѓу себе. Ковачевски истакнал дека треба комплетно укинување не само на административните бариери на границите, туку и комплетно кревање на рампите и да се направи регион кој ќе биде успешен во секој вид на комуникација, истакнал премиерот Димитар Ковачевски.

Подготвено од М.Н.

About Author