05.09.2022 Скопје
Претседателот на Северна Македонија Стево Пендааровски, остварил телефонски разговор со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг. Теми во телефонскиот разговор биле соработката меѓу Северна Македонија и НАТО за актуелнте регионални и безбедносни прашања, енергетските предизвици и безбедносните тела поврзани со стабилноста на регионот.
Во однос на руската агресија врз Украина, претседателот Пендаровски, ја реафирмирал поддршката за Украина и украинскиот народ, и посочил дека Северна Македонија како членка на НАТО ќе продолжи да пружа воена, хумантарна и дипломатска помош, со крајна цел прекин на воената агресија, одбрана на демократските вредности и воспоставување на мир.
Од кабинетот на претседателот соопштиле дека генералниот секретар Столтенберг, се заблагодарил за поддршката што Северна Македонија ја дава на украинскиот народ во одбрана на нивната земја.
Двајцата соговорници се согласиле дека Алијансата треба да продолжи со своите напори за поддршка на Украина се до крајната цел, стабилизирање на ситуацијата во целиот евроатлански простор.
Подготвено од М.Н.