20.09.2022 Скопје
Од „Илинденска“ соопштија дека на денешната седница на Владата била усвоена редовната Информација за исплата на пензии за тековниот месец, истакнувајќи дека пензиите за септември ќе бидат повисоки за 6,8 отсто.
Деловните банки треба да обезбедат пензионерите да можат да располагаат со септемвриските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 29 септември 2022 година.
Од Владата потсетуваат дека со септемвриската пензија, пензионерите на крајот на месецов ќе добијат повисоки пензии за 6,8 отсто, а зголемувањето е направено согласно со новата методологија, која е одобрена во март годинава.
Според висината на пензиите, подигнувањето на пензиите преку филијалите и експозитурите на банките за пензионерите кои не користат картички, ќе се реализира во четири групи и тоа:
– за пензиите со висина до 11 000 денари, исплатата да се изврши на 29.09.2022 година;
– за пензиите со висина од 11 001 денари до 14 000 денари, исплатата да се изврши на 30.09.2022 година;
– за пензиите со висина од 14 001 денари до 18 000 денари, исплатата да се изврши на 03.10.2022 година;
– за пензиите со висина над 18 001 денари, исплатата да се изврши на 04.10.2022 година.
Подготвено од А.Ѓ.