https://www.facebook.com/photo.php?fbid=502232511906169&set=pb.100063582736486.-2207520000..&type=3

05.09.2022 Скопје

Секое блокирање или одложување на носењето на одлуките во Собранието кои се однесуваат на евроинтеграцијата, значи закочување на државата кон полноправно членство на ЕУ. Членството зависи од сите политички партии, од сите пратеници во Собранието и од сите ангажирани во овој процес на преговори изјавил премиерот Димитар Ковачевски на средбата со новинарите во официјална Софија.

Ковачевски потсетил дека Северна Македонија ги почна преговорите со ЕУ и дека Владата има донесено одлука за формирање на преговарачката структура.

Ковачевски нагласил дека состанокот кој што го одржал со бугарската техничка влада, а потоа и со претседателот на Бугарија, Румен Радев, е дел од состаноците кои што ги прават со цел да се обезбеди се што е потребно за непречено снабдување на електрична енергија на Северна Македонија во текот на четвртиот квартал од оваа година и првиот квартал на идната година, коишто, секогаш се најкритични за снабдување на електрична енергија со оглед на зголемените потреби како за затоплување, така и за индустријата.

Премиерот Ковачевски на средбата во Софија со претседателот на привремената бугарска Влада, Гулаб Донев, на која клучна тема било справувањето со последиците од енергетската криза, договориле формирање на работна група која за две недели треба да ги утврди техничките аспекти во врска со склучувањето на договор за снабдување на 200 мегавајт-часа струја за потребите на Северна Македонија за период до 31 Март наредната година.

Ковачевски придружуван од владината делегација, попладнево во Софија остварил работен состанок и со претседателот на Бугарија, Румен Радев, на истата тема, односно справување со енергетската криза и унапредувањето на билатералните односи.

При тоа Радев посочил дека Бугарија повторно ќе биде солидарна со „братска Македонија“.

Подготвено од М.Н.

About Author