22.09.2022 Скопје
Министерката за буџет, Марија Хесус Монтеро, изјавила дека шпанската влада сака да воведе данок за најбогатите граѓани, со цел да собере доволно пари за зголемените буџетски трошоци.
Министерката Монтеро истакна дека данокот треба да почне следната година и дека поради парламентарната процедура можеби нема да биде готов за почетокот на 2023 година и за мерката разговара со помалиот партнер во владата Подемос, кој ја вклучи во својата предизборна кампања. Исто така, додаде и дека Владата подготвува и нови даноци за енергетските компании и банките. Во Шпанија, како што истакна Монтеро, во следните две години од големите богаташи ќе биде побарано за одреден временски период да се „исчистат“.
Следната година, Шпанија ќе одржи локални и регионални избори и веќе се дебатира дали да ги намали или зголеми даноците за да се ограничи инфлацијата, како и да се олеснат економските тешкотии предизвикани од руската инвазија на Украина.
Подготвено од А.Ѓ.