23.09.2022 Скопје
Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека се прават напори за да им се излезе во пресрет на основните и средните училишта и наставата во зимскиот период да биде одржувана со физичко присуство на учениците.
Бектеши кажа дека тоа е надлежност на општините, но дека децата имаат и многу изгубено од наставата во периодот на пандемијата Ковид-19 и дека сега подобро ќе биде да се помогне на училиштата, бидејќи ако останат дома децата ќе изгубат уште повеќе од своето образование.
Потрошувачката за околу пет месеци за сите училишта на ниво на Северна Македонија, би била некаде околу 10 гигавајт часови, и тоа може да се обезбеди преку ЕСМ, училиштата со оваа обезбедена потрошувачка не би требало да имаат проблем со затоплување до крајот на март, изјавил министерот Бектеши.
Бектеши кажа дека несериозно е тоа што 2487 правни субјекти во државата се уште намале склучено договори за снабдување со електрична енергија, од кои 60 проценти биле под надлежност на локална власт.
Според министерот за економија Крешник Бектеши, не е во ред училиштата да останат без снабдување со електрична енергија, бидејќи немаш снабдувач, а на берзата цената е 400 евра, сите правни субјекти ги знаеле своите рокови кога им истекувал договорот за снабдување и општините мора да се завземат, бидејќи и во надлежност им е набавка за електрична енергија за училиштата.
Подготвено од М.Н.