https://www.flickr.com/photos/153352659@N03/52181185283/in/photolist-2nv5dqk-2nkxgBt-di4ULq-2nasrh1-gHw12H-VeuUsJ-V4Auts-SxKctc-2m56u32-THTRQG-2m5hFLj-RFxwvT-V6mvrx-V6mvig-V6mvw2-2m57Us4-2m5htHS-2m5kpfv-2m5hmoZ-2m5j5JD-2nj8db2-2m5daz6-2m5kABJ-2m5kBGe-2m5htda-2m5h3pv-2m4ZknU-2m53YEn-2m59nXt-2m4ZkRp-V6mvh4-V6mvyX-2m5fxF4-2m56tWR-2m56tPw-2m5e469-2m56tSh-2m5bayj-2m5527r-2m5fyLA-2m5gspX-2m5mPwL-7wHqgb-2m5i1kW-2m5i2go-5UbqQ8-5sVTBZ-2nwUKFW-2m5nyr3-2nasJha

15.09.2022 Скопје

Министрите за трговија на Групата седум индустриски најразвиени западни земји – Г7 соопштиле на состанокот кој бил оддржан денес во Германија дека сакаат да ги зајакнат напорите за спречување на Русија економски да профитира од војната во Украина.

На состанокот бил разгледан и финансискиот механизам кој е наменет за обединување на приватните и јавните сретства за обнова на Украина по завршувањето на војната.

Во соопштение кое е објавено по дводневниот состанок, министрите порачале дека сакаат да ги диверфицираат своите трговски односи, во услови на се потензично геополитичко опкружување. Министрите додале и дека ќе воспостават посилна трговска политика во однос на Кина.

Министрите од земјите Г7, кои ја сочинуваат земјите Германија, Франција, Италија, Британија, Јапонија, САД и Канада, едногласно се согласиле дека ќе ги здружат заедничките сили и дека ќе се координираат напорите Русија да се повлече од агресијата кон Украина.

Подготвено од М.Н.

About Author