https://www.facebook.com/photo.php?fbid=638464014504688&set=pb.100050232861148.-2207520000..&type=3

15.09.2022 Скопје

Гардистот кој стоел во подножјето на ковчегот на покојната кралица Елизабета Втора, одеднаш со тресок паднал на подот. Настанот кој се емитувал во живо на некои светски телевизии, веднаш бил прекинат, но од снимките кои кружат по социјалните мрежи се гледа дека инцидентот се случил ноќва околу 1 часот по полноќ.

Додека ковчегот на поранешната кралица е изложен во Вестминстерската сала за јавноста да може да и оддава почит, војници во свечена униформа одржуваат постојано 24 часовно бдеење. Од војниците се бара да стојат мирно на четирите агли на одарот.

Гардистите кои доаѓаат од единиците Телохранителот на суверенот, Домаќинската дивизија и Јеоман чуварите на кулата во Лондон, ротираат околу ковчегот на секои 20 минути, додека вкупната смена на секој чувар била шест часа. Засега нема информации дали чуварот кој се онесвести се има повредено.

Ковчегот на кралицата стигна до Вестминстерската сала во средата, откако кралот Чарлс Tрети и остатокот од семејството на поранешната кралица маршираа зад него, додека беше пренесуван од Бакингемската палата во свечена поворка. Ковчегот на кралицата ќе биде изложен се до нејзиниот државен погреб, кој е закажан за во Понеделник.

Подготвено од М.Н.

About Author