https://www.facebook.com/photo/?fbid=476907024450976&set=pcb.476907797784232

19.09.2022 Скопје

Во населбата Скопје Север, општина Бутел започна со изградба на 17 пристапни патеки до влезовите на станбените згради, кои се уредуваат со павер елементи.

Градоначалникот Дарко Костовски изјави дека ќе се реконструираат пристапните влезови на станбените згради и со тоа ќе се надмине проблемот со поплавувањето на влезовите. Воедно, истакна дека градежното лето се одвива со силна динамика, а се запазени и сите рокови и ветувања кон граѓаните. Градоначалникот додаде и дека локалната самоуправа се залага за еднаков рамноправен развој на сите населени места во општината.

Градоначалникот на општина Бутел, на својот фејсбук профил, напиша дека искрената, чесна и посветена работа ги има доведено до реализација на многу повеќе проекти од планираното, граѓаните на општина Бутел го поздравувале динамичното темпо на работа што го имаат наметнато и свесни се дека со тоа ги поткреваат и очекувањата, но секогаш тие две работи оделе заедно.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *