14.09.2022 Скопје
Талат Џафери и неговите ортаци од антимакедонската СДСМ, врска немаат од Устав, право, закони и демократија. Единствено што знаат е да ги погазуваат и кршат тие закони, обвинуваат од опозициската партија на Северна Македонија, ВМРО – ДПМНЕ, откако Џафери вчера ја отфрли нивната иницијатива за референдум за укинување на законот за ратификација на договорот со Бугарија.
Од опозициската ВМРО – ДПМНЕ, велат дека власта и Џафери прават се само за да не го слушнат гласот на граѓаните и да му ја спасат кариерата на премиерот Ковачевски. Референдумот за поништување на законот за ратификација на договорот со Бугарија, е во согласност со член.24 од законот за Референдум и не е во спротивност со Уставот на Република Северна Македонија.
Од ВМРО – ДПМНЕ велат дека очигледен бил ставот на власта која е предводена од премиерот Ковачевски, и дека со ваков кукавички потег тоа само го потврдија. Велат дека власта може да бега, но нема да избега од казната која ќе им ја даде народот бидејќи народот никој неможе да го порази.
Подготвено од М.Н.