04.09.2022 Скопје
Христијан Мицковски, во време на владеењето на ВМРО-ДПМНЕ, 12 години беше на раководни позиции во енергетиката како директор на ЕЛЕМ и како советник за енергетиката во Владата на Никола Груевски, соопштија од СДСМ.
Претседателот на опозицијата објави информации дека за продажба на ноќните вишоци на електричната енергија, надлежните ги оштетиле македонските граѓани за 10 милиони денари. Но, сега од партијата СДСМ изнесоа податоци дека Мицковски додека бил директор на ЕЛЕМ набавувал електрична енергија по цена 3-4 пати повисока од пазарната. Во негово време цената на струјата била покачена за 100 одсто и ова се случувало во време кога немало никаква криза, а сега кога светот е во голема енергетска и економска криза, Мицковски и неговата партија стојат настрана, бокираат, одмагаат наместо да им помагаат на граѓаните и на самата држава.
За разлика од нив, СДСМ превзема навремени и ефикасни мерки за ублазување на ударот од оваа криза, бидејќи оваа партија на власт секогаш мисли пред се на граѓаните и на државата.
Подготвено од М.Н.