12.09.2022 Скопје
Членовите на Собраниската Комисија за прашања на изборите и именување на денешната седница не му дадоа поддршка на универзитетскиот професор Саво Климовски да биде избран за уставен судија, кој беше како предлог на опозициската партија. Комисиската расправа треба да продолжи по паузата која била дадена од страна на претседателката на Комисијата, Марија Георгиевска.
После паузата ќе треба да биде разгледувана биографијата на републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, кој е предложен за уставен судија од страна на партијата на власт. Пратениците од опозициската партија посочиле дека ниту еден кандидат кој е предложен од страна на власта не го заслужува столчето во Уставниот суд.
Ели Панова, пратеничка од партијата ВМРО-ДПМНЕ истакнала дека за пратениците од власта не биле битни ниту имињата, ниту биографиите ниту пак минатиот труд на кандидатите, им било битно само кандидатите да бидат корумпирани и да бидат неправични. Изминатиов период членовите на Комисијата имаат дадено поддршка на кандидатите Татијана Васиќ Бозаџиева, која се уште работи во Министерството за правда како државен советник за граѓанско законодавство и на граѓанскиот судија во Апелациониот суд во Скопје, Фатмир Скендер.
Уставниот суд повеќе од една година работи во нецелосен состав и од предвидените девет члена, на четворица им е истечен мандатот.
Подготвено од М.Н.