https://scontent.fskp4-1.fna.fbcdn.net/v/t39.30808-6/294767529_593400262155639_2593797483259365353_n.jpg?_nc_cat=102&ccb=1-7&_nc_sid=8bfeb9&_nc_ohc=JXkIgShFCdgAX8aA_pW&tn=a2HLWLKMXUCY1w2T&_nc_ht=scontent.fskp4-1.fna&oh=00_AT-7BBvrfdyeYNjIFDAcc67IOllbN75USUCFflf0_P9sxA&oe=62DCDD7D

30.09.2022 Скопје

Албанија потпиша тригодишна соработка со американска сателитска компанија, која на Тирана ќе и пружа сателитски надзор над територијата на целата земја.

Албанската влада потпиша договор во вредност од шест милиони долари со компанијата Сателиџик УСА инк од Северна Каролина, соопштиле од кабинетот на премиерот на Албанија, Еди Рама.

Албанија со овој договор ќе има на располагање два сателита, кои ќе бидат под името „Албанија 1“ и „Албанија 2“ што ќе бидат дел од претстојното лансирање кое Сателоџик го планира со американската вселенска компанија Спејсекс.

Властите соопштија дека сателитските слики ќе и овозможат на Албанија да ги решава проблемите кои се во областа на земјоделството, животната средина, воспоставување на законите, сообраќајот, безбедноста на границите и пожарите.

Рама изјави дека сателитите ќе и овозможат на Албанија да го крене спроведувањето на законите на повисоко ниво, особено во борбата против корупцијата, и истакна дека Владата планира да купи и вооружени дронови, за да се справи со борбата против тероризам или пак потенцијален непријател.

Подготвено од М.Н.

About Author