https://www.facebook.com/photo.php?fbid=589574345863710&set=pb.100044334494154.-2207520000..&type=3

20.09.2022 Скопје

Премиерот на Шпанија, Педро Санчез, изјавил дека Русија е во војна не само со Украина, туку и со целата Европска Унија, а таа во моментов губи.

Во Њујорк повеќе од 150 шефови на држави и влади се собираат на Генералното Собрание на Обединетите Нации. Санчез, од Њујорк, изјавил дека рускиот претседател Владимир Путин ја користи енергијата како воена алатка, бидејќи е загрозен од вредностите на Европската Унија. Иако, Путин успеа да ја зголеми цената на енергијата во Европа, принудувајќи масовни интервенции на пазарот за да се намали финансиската болка на домаќинствата и компаниите, Санчез смета дека Москва всушност ја „принуди“ Европската Унија да работи заедно. Како најнов пример на заедничка соработка на земјите членки на Европската Унија се договорите меѓу владите за здружување на долгот, координирање на инвестициите во одбраната и одвикнување од руската енергија.

Подотвено од А.Ѓ.

About Author