15.09.2022 Скопје
Руското Министерство за надворешни работи, објави дека ако САД одлучат да му достават на Киев ракети со долг дострел, ќе ја преминат црвената линија на толеранција и ќе станат директни учесници во овој конфликт.
На брифинг потпаролката на министерството, Марија Захарова, истакнала дека Русија го задржува своето право за да си ја брани својата територија. Вашингтон претходно ја има снабдено Украина со напредни ракети, кои можат да погодат цели оддалечени до 80 километри и досега се воздржување јавно да објави дека ќе испрати ракети со двојно поголем дострел.
Американските власти соопштиле дека Украина дала ветување дека нема да ги користи американските ракети за напад на руската територија. Украина бараше и доби големи количини оружје од САД и другите западни сојузници, за да се одбрани од руските сили кои беа испратени во Украина во февруари оваа година.
Подготвено од М.Н.