https://www.flickr.com/photos/verybadcow/874291402/in/photolist-2kfYnG-2kfYsm-6otfm-7fQ67c-6YyBqx-5N25hW-J3AmT-ahyENN-7difxn-wSGgi-2mb4SCw-2ivtKQQ-2kXAEwS-2noa7Ku-2mZrvp4-HMnPoh-2hGcrub-2ezkNGL-9qsQUh-hjCb57-2jdfWi7-2jeGKxP-9vb9a7-tnQyA-2m4DQfy-7pTx6d-2mdb54U-2mweRSM-avQa9s-21mz9jS-4vh6Mf-2iN1H3d-SVdpKZ-2dKv5A9-6DGjwv-8aQCy3-DU52NS-2jNcwfa-nTNmYJ-q1Pw9-2mBUAjf-bzA9Pi-xkhQR4-sX5Aqw-tRLfis-3bLqLH-4vPxEv-ZtHLK3-r67CZ-MgF2Sp

21.09.2022 Скопје

Вселенските суперсили Русија и САД ќе испратат екипаж на Меѓународната вселенска станица (ИСС) во прва заедничка мисија по руската инвазија во Украина. Со капсулата Сојуз ќе полетаат космонаутите Сергеј Прокопиев и Димитриј Петелин и астронаутот на НАСА, Франк Рубио.

Лансирањето е закажано за во 11:45 часот, од космодромот Бајконур во казахстанската степа во Централна Азија.

Пред неколку недели Рубио изјавил дека се работи за многу важна мисија, и додал дека станал добар пријател со членовите од екипажот на руската екипа.

Без оглед на тензиите кои се меѓу Москва и Вашингтон, соработката со НАСА и руската вселенска агенција, Росокосмос е добра и силна, важно е да се остане во дипломатија и партнерство бидејќи страста за истражување ја делат двете агенции.

Русија истакнала дека санкциите од ЕУ и САД ги попречуваат активностите и развојот на полето на вселената, вклучувајќи го и производството на ракети, кои имаат воена примена.

Москва неодамна објави дека ќе се повлече од долговечната Меѓународна вселенска станица по 2024 година, поради конфликтот со западните сили, иако некои аналитичари се сомневаат дека оваа одлука на Русија ќе биде конечна.

Подготвено од М.Н.

About Author