https://www.flickr.com/photos/statephotos/51904009283/in/photolist-2n5zBDM-2mceoCi-2n42rTX-2kRh1Jz-2n1CN1W-2n1CN39-2n5zBJr-2mcaGuq-2n5zb8V-2mP9GJQ-2nB9k9J-2n5dQY9-2mP5y8f-2nB8dFz-2mGnmh5-2n1J79W-2nB9m51-2n5ue6Q-2mEb2wC-2m9ZrNm-2kU1Hh4-2kTZAFZ-2mP5y3v-2mAMHoN-2mAMHup-2kJe4SM-2kCECRE-2kCAvB8-2mEjDPp-2m3q6qJ-2nF8hSG-2kQksp2-2nF6X4z-2kGJvCA-2nF6X1Z-2kAQUJJ-2kEn9dv-2kAaPYW-2mEjDXk-2kGc7um-2kyywbC-2m9RXfS-2kQkVq2-2mcaGD3-2kUpGUU-2mcaGB9-2kRhqEZ-2miSS7D-2n9uF11-2kK5kY2

27.09.2022 Скопје

САД им порача на Грција и Турција да работат заеднички за одржување на мирот и безбедноста во регионот и да ги решат сите разлики по дипломатски пат, без да предизвикуваат тензии во време на криза.

Портпаролот на Стејт департментот, Нед Прајс, истакна дека во центарот на фокусот треба да биде тоа што е колективна закана за сите, а тоа е руската агресија. Воедно, додаде дека во време кога Русија уште еднаш изврши инвазија на суверена земја и кога трансатлантската и меѓународната заедница стојат со народот на Украина против руската агресија, основен услов е да не се создаваат изјави и постапки кои можат да подигаат тензии меѓу членки на НАТО.

Изјавата на портпаролот Нед Прајс доаѓа откако Анкара, викендов, ја обвини Атина дека на 18 и 21 Септември со воени бродови стационирала американска воена опрема, како оклопни возила на островите Лесбос и Самос, кои според меѓународен договор треба да се демилитаризирани.

Според договорите од Лозана и Париз од 1923 и 1947 година, 21 остров во Егејското Море се дадени на Грција, но под услов тие да се целосно демилитаризирани.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author