https://flickr.com/photos/martijnvg/6166088833/in/photolist-aoSPor-77SuDs-9S9LR-drmjsb-3cKSc-JiJ1k-PW7eD-4PSKfx-arg6oa-nNiLmd-cHCMDj-9Q4ovX-4vdesh-tX4Dz-3b3Cms-szz13-78FMkc-bKAskR-Y4Mm7-nQgmTA-76yEJs-9G6Zat-4JVEKb-drkg6i-DpnNg-21mHJpA-46Mjyp-27LEnXu-aBmZVQ-u5Gwd-5x7QTo-dBh1J-9kVGqL-bq8eiC-7tZVMa-XZs7P-7YNKJw-23Vh5-aC1i2X-3aBSSr-2yR22F-bVT4fD-bVjUbZ-7YNL2S-76v2e1-8J92MD-bw9QPW-kxWHUj-8bsFYP-5usgYm

03.09.2022 Скопје

Кина испратила известување до САД дека ќе превземе контра мерки доколку не се откаже од најавената продажба на оружје на Тајван. Администрацијата на американскиот претседател Џозеф Бајден претходно објавила дека продава оружје во вредност од 1,09 милијарди долари на Тајван.

Стејт департментот соопштија дека станува збор за ракети воздух-море Харпун, ракети воздух-воздух и во најголем дел пакет за логистичка поддршка за програмата за радарско набљудување на Тајван. Стејт департментот соопштил дека опремата му била потребна на Тајван за да ја одржи способноста за самоодбрана.

Директорката на Белата куќа за Кина и Тајван, Лаура Розенберг изјавила доцна синоќа дека се додека Пекинг продолжува да го зголемува притисокот, вклучително и зголеменото воено воздушно и поморско присуство околу Тајван и се додека се обидува да ја промени статус кво ситуацијата во Тајванскиот теснец, САД ке го обезбедува островот со се што е потребно за да се одржат неговите самоодбрамбени способности.
Острата реторика меѓу САД и Кина во одмос на Тајван значително се засили по посетата на претседателката на Представничкиот дом на американскиот Конгрес, Ненси Пелоси на Тајван минатиот месец.

Подготвено од М.Н.

About Author