https://www.flickr.com/photos/g9man2/30556909841/in/photolist-Nyd9H8-2Zhhek-JJ9WA8-ynNvyf-7wf5Fy-5FHx8D-5XC4QY-tHEqpq-aDGVhs-u3Edr-91AJJk-555FdY-6Zk6Fw-bu9sGF-D44BNk-rxaiy-d6VnMy-6TcxWc-GSJWfm-5PofV5-aC5agq-MaycLT-yNG2ax-3PqMfX-4DpUn4-6cBVuX-budBLa-bpP4Yt-33VQcn-2bFBN-3wGCvy-24Dw1M2-a9Pmpb-8oCMZg-bfRfQ8-5kfWf-2aiwKPB-Um6rB-cVzVm-6NGe6s-5shvQg-51g8e8-kc3tA-cSnGm-Uoe4CC-RUeCr7-2bQAHYe-518x8Q-56v5LG-6Pv1HU

10.09.2022 Скопје

Соединетите Американски Држави во текот на вчерашниот ден воведоа санкции против иранското Министерство за разузнавање и неговиот министер, обвинувајќи дека се поврзани со сајбер нападите врз Албанија во јули и дека се вклучени во други сајбер напади против САД и нивните сојузници.

Овој потег на САД следи откако Албанија ги прекина дипломатските односи со Иран, наредувајќи им на иранските дипломати да ја напуштат државата во рок од 24 часа.

Американското Министерство за финансии објави во соопштение дека иранското Министерство за разузнавање управува со неколку сајбер мрежи, вклучително и оние кои се вклучени во сајбер шпионажа и компјутерски напади за поддршка на иранската влада.

Мајкрософт, чиј истражувачки тим за сајбер-безбедност помогна во истрагата на инцидентот, во блог пост во четвртокот, напишаа дека иранската сајбер операција вклучува комбинации од техники за дигитална шпиунажа, малициозен софтвер за бришење податоци и операции на онлајн информации.

Целта на хакерот според истражувачите, се чини дека била да ги засрами албанските владини претставници. Нападите во јули привремено ги прекинаа владината веб-страница и други јавни услуги. Аналитичарите велат дека целта на операцијата била да се казни Албанија поради поддршката на иранската дисидентска група со седиште во земјата, позната како Муџахедин-е-Калк.

Подготвено од М.Н.

About Author