https://www.flickr.com/photos/eu_development/3422822015/in/photolist-6dsRJF-7gTGC5-LVrpNx-2n4T8mo-2n4YvFE-2mN7sAw-LVrs7a-2mN9vqG-9GgiFM-2mN7sBU-2mN7sDN-2mNaACu-2mN22tX-2mN22t6-2mN7sG8-QyPq2A-6dsQWr-6dwYxQ-6dsS3P-9bM1vw-2cYiYBM-qdVoyH-2n52oSk-2n4YEVC-QyPpT9-2jCkBG1-NWpVLM-2jCgmTT-QyPrWN-NWpWCr-2jCgmxY-YEr8G2-2cCbgVS-2jCkBNd-268ZMMm-LLfHc3-QyPqvb-2cGC8Ba-LLfF1u-2m71E9M-2cGC8eB-6dwZq5-2m72653-2m771yP-4wsBc2-2m72Dt8-2m71EGq-2cGC8o4-2cGC8TT-2cCbgFJ

28.09.2022 Скопје

Високиот претставник за надворешни работи на Европската Унија, Жозеп Борел, изјавил дека Европската Унија истекувањето на гасот од гасоводот Северен тек го гледа како намерен чин.

Оштетувањето на гасоводот Северен тек 1 и 2 не се никакви случајности и тоа ја погодува целата нација и сите досегашни информации сугерираат на тоа дека овој дефект е намерен за да се наруши европската енергетскта инфраструктура, изјавил Борел.

Пред да бидат регистрирани истекувањата претходеле силни експлозии, кои биле детектирани од страна на сеизмолошките станици во Данска, Норвешка и Финска, со што едната експлозија била со јачина на земјотрес од 2,3 степени.

Уште повеќе дава сомнеж дека овој дефект е намерен, бидејќи се случувал во момент кога било свеченото отворање на долгоочекуваниот Балтички гасовод кој ќе донесе гас од Норвешка во Полска и со тоа ќе биде зајакната енергетската независност на Европа од Москва, изјавил Жозеп Борел.

Борел истакнал дека ова е саботажа од страна на Москва, со цел да покаже дека сите гасоводи се сепак ранливи на напади.

Подготвено од М.Н.

About Author