https://www.facebook.com/photo/?fbid=3164605567123131&set=pb.100007211555008.-2207520000..

11.09.2022 Скопје

Украинскиот контранапад на југот, за кој многу се зборуваше, беше кампања на дезинформации за да се одвлече вниманието на Русија од вистинската контраофанзива, која се подготвуваше во регионот Харков, објавиле украинските специјални сили.

Украинските сили продолжуваат со неочекуваниот брз напредок во североисточниот дел на земјата, заземајќи повеќе од една третина од окупираниот регион Харков за само три дена. Голем дел од територијалните придобивки на Украина во вчерашниот ден ги потврди и руското Министерство за одбрана.

Поранешниот советник за национална безбедност, кој сега е потпарол на бригадата Бохун на украинските специјални сили, изјавил дека акцијата која ја превземале била специјална операција за дезинформирање. Русите мислеле дека ќе нападнат на југ и ја поместиле својата опрема и своите војници, но Украинците извршиле напад и офанзива таму каде што не се надевале руските војници по што настанало паника и бегство.

Подготвено од М.Н.

About Author