https://www.facebook.com/photo?fbid=569119701881664&set=a.356649399795363

21.09.2022 Скопје

Американскиот претседател Џо Бајден, во своето обраќање на собранието на ОН изјавил дека Русија срамно ги има прекршено основните принципи на Повелбата на Обединетите нации со бруталната и непотребна војна во Украина.

Американскиот претседател остро ја осудил руската инвазија и рекол дека крвта му замрзнува кога ги гледал извештаите на руските злосторства врз цивилите во Украина.

Непромислено непочитување е и тоа дека претседателот на Русија, Владимир Путин, се заканува со нуклеарно оружје. Бајден посочил и дека руската агресија во Украина претставува голема навреда на суштината на она за кое се залага светската организација.

Бајден за време на неговиот престој во Обединетите Нации, планирал да оствари средба со британската премиерка Лиз Трас и да изврши притисок врз сојузниците да ја исполнат целта и да издвојат 18 милијарди долари за надополнување на Глобалниот фонд за борба против сида, туберкулоза и маларија.

Исто така, Бајден планирал да објави помош од 2,9 милијарди долари за глобалната безбедност на храната, која е потребна да се надополнат недостатоците кои се предизвикани од руската инвазија на Украина и влијанието на климатските промени.

Подготвено од М.Н.

About Author