16.09.2022 Скопје
Бујар Османи, шефот на дипломатијата, изјави дека има сознанија за руско влијание врз политичкиот живот во Македонија, преку одредени извори за финансирање. Османи нагласи дека политичката партија Левица работи во функција на руската пропаганда за да го свртат народот во Македонија против Европската Унија и САД.
Шефот на дипломатијата, воедно, додаде дека во рамки на оваа информација, произлезена од Стејт департментот, се уште нема дополнителни информации во однос на случувањата во Македонија, но од анализите од институциите во Македонија постои такво нешто и тоа е констатирано во неколку наврати, дека има обиди за такво вмешување во партиско – политичкиот живот во Република Северна Македонија, но тие прашања ќе ги одговорат институциите што се надлежни за тоа.
Експертот Џош Рудолф, во интервју за една редакција, изјави дека земјите што се вклучени во напорите за тајно финансирање на Русија се Албанија, Босна, Црна Гора, Белгија, Мадагаскар и Македонија.
Подготвено од М.Н.