https://www.flickr.com/photos/91940663@N02/10047606114/in/photolist-giSBfb-cbAJpm-aNmuG-U9fv-v8kAuo-cPutwd-489qBZ-7Do11F-7ETq2q-5JgV1V-7cJyFi-24aoPcj-27o1SvR-6P89vM-8t5LX5-nGWbDH-4W4USG-KT9xMG-28SE7BH-VvQ6iV-im3L3p-GNXsu6-Hgz6pV-8aKGNE-2mxqaG-ovfQCC-2aA5Sze-SETy94-23uCPgD-et8ZQp-eCfXmU-6VH1yo-aPDPd2-JzhwF8-nntxdd-gVurPA-AtW4sw-oomaVT-pZpubb-aJwEkM-64jLH-6uM1MD-8yy8FR-PiBjdH-8gu92p-2bu7Z1v-92zT2c-adm4Bf-28tZY6T-62ffDj

02.09.2022 Скопје

Русија ги предупреди земјите од Г7 дека постои можност да престане да ги снабдува со нафта. Русија ќе воведе ембарго на земјите кои го поддржуваат ограничувањето на цената на нафтата предложено од Вашингтон. Воспоставувањето на високите цени на руската нафта беше замислено како средство за намалување на приходот на Москва од извозот на оваа стока, а во исто време избегнување на исфрањето на нафтата на земјите од пазарот.

Предлогот треба да биде разгледан на состанокот на министри за финансии на Г7 во петок. Според вицепремиерот на руската влада Александар Новак, таквиот план ќе ги загрози пазарните механизми на ваква важна индустрија како нафтата и може да доведе само до дестабилизација и на индустријата и на нафтениот пазар.

Новак додаде дека Русија во моментов пумпа онолку нафта колку што може да произведе и да продаде во моментов, но ако условите на глобалниот пазар се стабилизираат, производството може да се зголеми.

Русија, на оние земји или компании кои ќе воведат рестрикции, нема да им испорачува нафта и нафтени деривати, бидејќи нема да се работи под непазарни услови.

Новак истакна дека руските производители на нафта се подготвуваат за престојното нафтено ембарго на ЕУ што треба да стапи на сила во декември, но планираат да го задржат сегашното ниво на производство без оглед на донесеното енбарго.

Подготвено од М.Н.

About Author