27.09.2022 Скопје
Дмитриј Медведев, поранешниот руски претседател, изјави дека Русија има право да користи нуклеарно оружје доколку е потребно и дека тоа не е блеф.
Заменик-претседателот на рускиот Совет за безбедност, Дмитриј Медведев, истакна дека Москва ќе мора да одговори на заканите и доколку тоа биде надвор од нејзините граници. Воедно, предупреди дека Русија ќе одговори без многу консултации, бидејќи се зголемуваат тензиите со Западот поради дискредитираните референдуми што се одржуваат за тоа дали територијата окупирана од Русија треба да се приклучи на Руската Федерација, потенцирајќи дека НАТО нема директно да се меша во конфликтот дури и во ова сценарио.
Подготвено од А.Ѓ.