20.09.2022 Скопје
Рускиот претседател Владимир Путин, на церемонијата на предавање на агреманите на амбасадорите на странските земји во Москва, изјавил дека Москва се залага за зачувување на суверенитетот на Србија и Русија ќе продолжи да ја продлабочува соработката со Србија. Воедно, додал дека Русија и Србија се поврзани со стратешко партнерство, потпирајќи се на традиција на пријателство, културна, духовна и историска блискост на братските народи, со што нагласи дека редовно е во комуникација со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Владимир Путин, повикувајќи се на резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на Обединетите Нации, ветил дека ќе им пружи помош на српските пријатели во одбраната на независноста, како и на територијалниот интегритет и државните интереси на земјата.
Во врска со дејствијата на САД, Путин ги осуди напорите на САД да ја зачуваат својата глобална доминација, истакнувајќи дека САД се осудени на пропаст. Воедно, нагласи дека објективниот развој кон мултиполарен свет се соочува со отпор од оние кои се обидуваат да ја зачуваат својата хегемонија во глобалните работи и во целост да контролираат – Латинска Америка, Европа, Азија и Африка. Без оглед на настаните во Украина, Путин изјавил дека хегемонот успева во тоа долго време, но тоа не може да трае вечно.
Подготвено од А.Ѓ.