https://www.facebook.com/photo/?fbid=624243759071289&set=pb.100044570103558.-2207520000..

04.09.2022 Скопје

Албанскиот премиер Еди Рама, оценил дека Москва го подгрева конфликтот на Балканот и го загрозува кревкиот мир, и тврди дека Русија би била задоволна доколку нешто започне во насока на конфликт на Балканот.

Рама вели дека симпатиите кон Москва се многу силни во Србија и Република Српска, и наведува дека жителите во регионот се поделени на оние кои се против Путин и оние кои го поддржуваат.

Премиерот на Албанија ги повтори претходните зборови дека одлуката за независноста на Косово е правилна, но не му се допаѓа тоа дека Путин постојано го споменува Косово во своите говори.

Рама изјавил дека рускиот претседател нема да успее да направи конфликт, бидејќи сега има процес на мир и помирување, иако овој процес ќе трае долго, сепак постои надеж дека во регионов ќе владее мир.

Рама исто така смета дека има длабока поделба меѓу неселението на Црна Гора и Србија но и тука постои добро нешто, а тоа е Отворен Балкан.
Во последно време на Балканот има охрабрувачки случувања, затоа Рама смета дека Србија, Албанија и Црна Гора треба да создадат некаква мини шенген зона за да има подобра размена меѓу трите земји.

Подготвено од М.Н.

About Author