https://www.facebook.com/photo.php?fbid=633409531483876&set=pb.100044445038982.-2207520000..&type=3

06.09.2022 Скопје

Со контра соопштение од страна на владеачката партија СДСМ испратено до медиумите, стои дека Христијан Мицковски повеќе не знае што треба да направи за да си ја задржи фотелјата во белиот дворец, која веќе некое време му е разнишана. Му се изјаловиле најавите за бугаризација и асимилација, му пропаднале и сценаријата за дестабилизација, не му успеаа и обидите за блокади, а нема да му биде успешен и Референдумот, стои во соопштението од СДСМ.

Од партијата велат дека лицемерието на Мицковски е многу големо, бидејќи токму тој го поддржал договорот со Бугарија на средба која ја имал со поранешниот премиер Борисов, и тоа тој договор бил на чист бугарски јазик.

Референдумот против членство во ЕУ, против македонскиот јазик во Унијата, нема да има поддршка од граѓаните, нема ниту поддршка од опозициските партии, и тој Референдум нема да биде успешен.

Од СДСМ велат дека државата нема да застане во место, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ со своите лаги нема да може да ја закочи европска иднина на сите граѓани на Република Северна Македонија.

Подготвено од М.Н.

About Author