https://www.facebook.com/photo.php?fbid=3060528190943412&set=pb.100009587841791.-2207520000..&type=3

12.09.2022 Скопје

Златко Перински е разрешен од функцијата директор на ЈП „Водовод и Канализација“ – Скопје, поради самоволие и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер, соопштиле од Град Скопје.

Во соопштението од Град Скопје, наведено е дека в.д директорот на Јавното Претпријатие „Водовод и Канализација“ е разрешен поради самоволно постапување и несоодветно постапување во постапка за милионски тендер. Поради обиди за влијанија кои се сметаат за тенденција која ги потврдува основните сомнежи на Град Скопје за самоволие и несоодветно постапување во постапката за избор на изведувач на тендер вреден 136 милиони евра, за изведба на пречистителна станица, Перински е разрешен во петокот на 09.09.2022 година, стои во соопштението од Град Скопје.

Златко Перински беше назначен за в.д. директор на ЈП „Водовод и Канализација“ на 28 декември 2021 година.

Подготвено од М.Н.

About Author