01.09.2022 Скопје
Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски денеска по повод почеток на новата учебна година, заедно со претседателот Стево Пендаровски, родители и наставен кадар го обележаа почетокот на новата учебна година во најстарото основно училиште во државата, кое е основано во 1836-та година „Свети Кирил и Методиј“.
За успешен почеток на учебната година, Општина Центар им подели ранци на сите првачиња во училиштата, кои се донација од „Макпетрол“, а од „Халкбанк АД Скопје„ првачињата добија комплети со училишен прибор и илустриран бонтон за деца.
Училиштата како што посочија од Општината, ги завршија сите подготовки пред почетокот на учебната година, училниците и дворовите се чисти и спремни за да ги примаат учениците.
Градоначалникот на Општина Центар се заблагодари за донациите од двете компании, на присутните и на првачињата им посака среќна нова учебна година, исполнета со успеси и одлични резултати.
Подготвено од М.Н.