25.09.2022 Скопје
Премиерот на Албанија, Еди Рама, во своето обраќање на 77. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации, истакна дека ништо не ја менува позицијата на Албанија дека Србија треба да го признае Косово и време е ќор-сокакот во дијалогот да се надмине со храброст, од двете страни, за да се постигне решителен договор поддржан од Европската Унија и САД.
Албанскиот премиер Рама порача дека најдобрата порака на Отворен Балкан, што сака да ја сподели е дека не е неопходно да се договориш за сите работи за да го оставиш зад себе темното минато и да се гради, чекор по чекор една поинаква иднина, справување со недоразбирањата на пољубезен начин и секогаш наоѓајќи се повеќе и повеќе причини, оние добрите, за да се решат недоразбирањата. Воедно, истакна дека зајакувајќи ги односите со Србија и одејќи напред кон унапредување на билатералната и регионалната соработка, Албанија не мрднала и нема да мрдне ниту милиметар од својот непоколеблив став за поддршка на потребата секоја земја, вклучително и Србија, да ја признае Република Косово.
Подготвено од А.Ѓ.