22.09.2022 Скопје
Еди Рама, премиерот на Албанија, престојува во Њујорк во рамки на 77. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации и на средбата што ја одржал со шефови на држави и влади во Њујорк, клубот Харвард, изјавил дека целиот регион се соочува со кибер-напади, вклучително и Црна Гора и Северна Македонија.
Албанскиот премиер Рама, во врска со повеќекратните напади врз Албанија, истакнал дека дигиталните системи на албанската влада биле нападнати од Исламската Република Иран, што е константирано по детална експертиза на тимот на Мајкрософт и тимот на специјализирани американски агенции. Воедно, Рама додаде дека токму поради оваа причина, Албанија ги прекинала дипломатските односи со Иран, а на персоналот на амбасадата им дале рок од 24 часа да ја напуштат територијата на Албанија.
Рама, во врска со Украина, повторно ја истакнал цврстата поддршка на Албанија за Украина, додека пак, во однос на дискусиите за енергетската криза на глобално ниво, нагласил дека Албанија не зависи од рускиот гас, туку 100 отсто се базира на енергија од хидро извори.
Подготвено од А.Ѓ.