https://www.flickr.com/photos/sf_press/50375385402/in/photolist-2jKv22C-2b2maJ-2b2mbE-yJWaNY-JY9bN-2jKqz5b-xScCyj-twG1qs-xcVt8v-xSbBYW-BVmU26-2eg5TpT-V6TCMp-aMMBfK-aSounH-2b2m9E-k82yku-5FEqKn-xSigqM-ycRD94-2n7RcHC-RfWiCS-2gLwQDM-y8UZ1y-xScCVb-xcMBKC-y9NyCe-xfQoEf-2n5CtCx-5FZhTd-bYV2QQ-21DLauY-BvqBWJ-pw6Cym-qbwh3Y-ybXuML-25ddouc-ycRD5M-22Cwx7B-qbDnop-xVfBTN-22CwVSM-Gyot7s-bYV2K9-FDATN4-2nug7fF-245tybj-bB1hbL-rtkvXL-2ki5ore

30.09.2022 Скопје

Рускиот претседател Путин изјави дека Западот е алчен, нагласувајќи дека сака Русија да биде негова колонија. Воедно, додаде дека Западот води хибридна војна против Русија, затоа што не сакаат да ја гледаат Русија како слободно општество.

Путин повторно ја искористи можноста да повтори дека Западот се обидува да ја ослабне Русија, потенцирајќи дека во 1991 година, Западот верувал дека СССР или Русија нема да се вратат од тој удар. Воедно, нагласи дека Русија имаше страшни деведесетти, но Русија го издржа и стана помоќна и го зазеде своето вистинско место. Но, според Путин, Западот бара нови можности за да ја ослабне Русија и тие секогаш сонуваат да ги разделат нивните земји на помали земји, кои ќе се борат една против друга.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави и дека Западот има двојни, тројни стандарди, а Русија е голема земја и голема цивилизација и нема да продолжи да живее под лажни правила. Воедно, нагласи дека западните елити отсекогаш биле колонизатори и такви останале и дека Западот нема право да ги користи зборовите демократија и слобода, бидејќи не ја поддржува одлуката на народот на Крим.

Претседателот Путин испрати порака до војниците кои учествуваат во воените акции во Украина, но и до нивните семејства, дека тие мора да разберат за што се борат.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author