https://upload.wikimedia.org/wikipedia/commons/5/57/Vladimir_Putin_19-01-2021.jpg

29.09.2022 Скопје

Русија најави дека во текот на утрешниот ден ќе припои кон себе уште четири делови од Украина. Церемонијата за потпишување на документите е закажана за 30 Октомври во 15 часот, изјави прес-секретарот на претседателот Владимир Путин, Дмитриј Песков.

Според портпаролот на Кремљ, на настанот се очекува и долг говор на рускиот лидер, и додаде дека договорите за пристапување на регионите кон Русија ќе бидат одобрени уште пред да бидат разгледани од Советот на Федерацијата.

Претходно беше објавено дека шефовите на Доњецката и Луганската Народна Република имале средба во Москва со претседателот на Русија, Владимир Путин.

За време на церемонијата и после големиот говор на претседателот Путин, ќе оствари средба со лидерите на непризнаените Народни Републики Доњецк и Луганск, како и со регионите Керсон и Запорожје, каде што од 23-ти до 27-ми Септември беше одржан референдум за пристапување кон Руската Федерација.

Подготвено од М.Н.

About Author