https://www.google.com/search?as_st=y&tbm=isch&hl=en-US&as_q=%D0%92%D0%9B%D0%90%D0%94%D0%98%D0%9C%D0%98%D0%A0+%D0%9F%D0%A3%D0%A2%D0%98%D0%9D&as_epq=&as_oq=&as_eq=&cr=&as_sitesearch=&safe=images&tbs=sur:cl,isz:lt,islt:svga#imgrc=JBelE-fHL39IvM&imgdii=0g_HaYmRGaSEUM

30.09.2022 Скопје

Претседателот на Русија, Владимир Путин, ги објави резултатите од референдумите кои се одржаа во четирите украински региони, Доњецк, Запорожје, Керсон и Луганск и со соопштение пред целата нација кажа дека тие изгласале и одлучиле да се приклучат кон Руската Федерација.

Гласовите биле уредно пребројани, кажа Путин, и без никакво сомнение народот дефинитивно одлучил да се приклучи кон Руската Федерација. Ова е волја на милиони луѓе, денеска ќе потпишеме и договори за анексија, Русија сега има четири нови региони, изјавил Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин кажа дека тоа е правото на народот, кое се наоѓа и во Повелбата на ОН, а потоа упати жалење и истовремено пофални зборови за сите херои кои загинаа во специјалната воена операција, тие се хероите на големата Русија рече Путин и им оддаде почит со едноминутно молчење.

Подготвено од М.Н.

About Author