https://www.facebook.com/191985314203749/photos/a.370792686323010/5291510220917874

21.09.2022 Скопје

Водичот „Конкурентна ПЛАТА“ го изготви Организацијата на работодавачи на Македонија и тој претставува прв продукт од Истражувањето на платите, додатоците и надоместоците, што ги отсликува спецификите на домашниот пазар.

Претседателката на Организацијата на работодавачи на Македонија изјавила дека задоволството на вработените директно има влијание врз продуктивноста на компанијата. Воедно, Трајкоска информираше дека преку водичот „Конкурентна ПЛАТА“, компаниите можат да ги искористат информациите и податоците како основа во креирањето на системите за валоризирање на вработените со што ќе обезбедат нивната компанија да биде конкурентна на пазарот на работна сила.

Од ЛТХ Леарница ДООЕЛ, која е компанија учесник во истражувањето, истакнуваат дека врз база на проценките, компаниите имаат основа со поголема сигурност да ги креираат системите за наградување на вработените, обезбедувајќи конкурентни плати на работната сила, а истовремено и одржлива продуктивност за компанијата. Воедно, додадоа дека кога ќе се земе предвид дека пазарот на трудот постојано се менува, работните позиции се повеќе се сегментираат, ваквите истражувања бараат поголема бројка на испитаници и надевајќи се дека нивното учество во Истражувањето на плати, надоместоци и додатоци ќе им помогне и на останатите компании, кои се во потрага на прецизни мерливи информации во креирањето на системите за наградување на вработените, обезбедувајќи конкурентни плати на работната сила.

Од Организацијата на работодавачи на Македонија дополнуваат дека истражувањето дава можност за споредба на компаниите со својата конкуренција за платите, додатоците и надоместоците, користејќи реални информации. Воедно, соопштија дека во годинашното истражување учествувале 17 претпријатија од 10 различни сектори, а биле обработени податоци за 671 работно место.

Од Мермерниот комбинат АД Прилеп се приклучиле кон истражувањето за да се уверат дека нивните плати и систем на наградување се конкурентни во споредба со слични компании по организација и големина во регионот во кој работат. Додека пак, од Еуроникел Индустри изјавиле дека меѓу најдоминантните причини се квалитетот на образованието, видот на образование, односно какви профили бараат работодавачите, а какви избори прават новите генерации и растечката миграција кон западните општества, токму и поради ваквата поставеност на факторите на пазарот на трудот, за работодавачите станува потешко да ги лоцира и регрутира, а потоа соодветно да ги плати, награди, мотивира и задржи своите вработени. Воедно, додале дека од истите тие причини учествувале со свои податоци во Истражувањето и сметале дека колку повеќе работодавачи ќе се вклучат, толку порелевантна ќе биде самата анализа и ќе помогне на сите компании постојано да креираат компетитивен систем на вреднување на трудот, кој е еднакво корисен и за работодавачите и за вработените.

Истражувањето „Конкурентна ПЛАТА“, како дел од проектот финансиран од Европската Унија за зајакнување на социјалниот дијалог во земјата, е спроведено со поддршка на Меѓународната организација на труд.

Организацијата на работодавачи на Македонија претставува повеќе од 1 000 претпријатија со над 72 000 вработени на ниво на целата држава.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author