28.09.2022 Скопје
Министерот за економија, Крешник Бектеши, изјави дека и приватните компании имаат обврска да бидат општествено одговорни, посебно енергетските, бидејќи профитот и приходите им се од оваа држава.
Компаниите посебно во енергетиката, треба да работат согласно прописите на државата, а наша обврска е да го најдеме најдоброто решение за граѓаните и стопанството, тука нема никакви уцени, истакна министерот Бектеши.
Во врска со цената на мазутот, Бектеши изјавил дека цената е регулирана од Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ). Доколку има сомнение дека цената е повисока од дадената, министерот за економија го повика Обвинителството да направи контроли во ЕСМ.
Министерот Крешник Бектеши објасни дека Бугарија не склучила договор со Србија за набавка на природен гас, бидејќи Бугарија трошела милијарди нормални метри кубни годишно природен гас, а Северна Македонија околу 300 милиони, Србија нема толку природен гас колку што е потрошувачката на гас на Бугарија и затоа Бугарија, исто како и Грција, не потпишува договор за набавка на гас од Србија.
Подготвено од М.Н.