15.09.2022 Скопје
Министерот за правда, Никола Тупанчески, на промоцијата на Националната стратегија за превенција и правда за децата 2022 – 2026 година и Акциски план 2022 – 2023 година, кој документ е изготвен од Државниот совет за превенција на детското преставништво со поддршка на УНИЦЕФ и ЕУ, денеска порачал дека секое дете заслужува да биде на соодветен начин заштитено во системот.
Тупанчевски додал дека секое дете заслужува неговите потреби да бидат приоритетни за институциите и заслужува да биде поштедено од било какво однесување кое што води на било каков облик на дискриминација, маргинилизација, виктимизираност или секундарна виктимизација.
Успехот во областа на заштита на децата и обезбедување правда за нив, според министерот Тупанчески, подразбира мултисекторски пристап, вмрежување на сите релевантни чинители во системот на правда за децата на ниво на институции, но и на персонално ниво на професионалци кои се вклучениво системот за правда за децата.
Претседателката на Државниот совет за превенција на детско претставништво, Гордана Лажетиќ, појаснила дека националната стратегија е документ кој што ќе ги дефинира патоказите во следните пет години, во однос на она што значи превземање на чекори за индетификување на ризик факторите кога станува збор за детското претстапништво и индетификување на соодветни релевантни институции кои што треба да превземат мерки и активности во правец на надминување на состојбите кои што сега ги има.
Обезбедувањето на услови на благосостојба, недискриминација и учество на детето во донесувањето на сите одлуки кои што се од нивно значење, се основни клучни столбови на Националната стратегија за децата во Република Северна Македонија.
Подготвено од М.Н.