https://www.facebook.com/photo.php?fbid=650105603147020&set=pb.100044427579784.-2207520000..&type=3

18.09.2022 Скопје

Претседателот Стево Пендаровски и неговата сопруга Елизабета Ѓоргиевска пристигнаа во Лондон, за да оддадат последна почит на Кралицата Елизабета Втора.

Претседателот Стево Пендаровски, на својот фејсбук профил, изрази сочувство и почит за децениите во служба на народот. Воедно, Пендаровски истакна дека Кралицата Елизабета Втора била пример за лидерство, скромност и великодушност.

Кралицата Елизабета Втора почина на 8 септември 2022 година, а погребот ќе се одржи во текот на утрешниот ден во Вестминстерската опатија.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author