https://www.facebook.com/photo/?fbid=653809219443325&set=pcb.653809306109983

23.09.2022 Скопје

Во Охрид, фабриката „Костал Македонија“ е дел од германската групација „КОСТАЛ“ за производство на делови и компоненти за автомобилската индустрија.

Денеска, претседателот Стево Пендаровски ја посети фабриката „Костал Македонија“ и за време на посетата беше запознаен со производствените капацитети, со актуелните проекти, идните бизнис насоки и инвестициски проекции на компанијата.

Од Кабинетот на претседателот Пендаровски соопштија дека во разговорот со генералниот директор на „Костал Македонија“, Виктор Мизо, претседателот бил информиран дека низ технолошки развиен, напреден и високо софистициран процес, фабриката произведува и делови коишто се вградуваат во најмодерните електрични и хибридни возила.

За време на посетата, претседателот Пендаровски разговарал и со млади инженери кои посетуваат тренинг во „Костал Македонија“, а воедно бил информиран дека компанијата придонесува и на домашен план, поттикнувајќи личен развој и задржување на младите и стручни кадри во земјата.

Подготвено од А.Ѓ.

About Author