https://www.facebook.com/photo.php?fbid=10216874777935761&set=pb.1653992586.-2207520000..&type=3

12.09.2022 Скопје

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, заедно со својата сопруга, Елизабета Ѓеоргиевска, ќе присуствуваат на државниот погреб на кралицата Елизабета Втора, кој ќе биде во Лондон.

Оваа информација ја соопштиле од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски.

Погребот на кралицата Елизабета Втора ќе се оддржи на 19 Септември ( Понеделник ) 2022 година, во Лондон, каде се очекува да присуствуваат голем број на лидери, ширум земјите во светот како и голем број на граѓани кои ќе се соберат пред палатата во Лондон за да оддадат почит кон долгогодишната владетелка на Обединетото Кралство, Елизабета Втора.

Кралицата Елизабета Втора беше најдолгогодишната владетелка на Обединетото Кралство, која беше на тронот цели 70 години, а почина на 96 години во замокот Балморал во Шкотска.

Подготвено од М.Н.

About Author