07.09.2022 Скопје
На церемонија со највисоко државни и воени почести, претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, ја пречека претседателката на Словачката Република, Зузана Чапутова, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.
Претседателот Пендаровски и неговата колешка одржаа тет-а-тет средба, а потоа следуваше планетарен состанок со делегациите од двете држави. Како што соопштија од кабинетот на претседателот, во фокусот на разговорите се билатералните односи, словачките искуства од процесот на пристапување во Европската Унија, сојузништвото во НАТО и безбедносните предизвици во регионот и Европа.
Претседателот Пендаровски се заблагодарил за искрената поддршка од страна на Словачка во врска со евроинтеграциите на Северна Македонија и посочил дека пристапот на Северна Македонија започнал во критичен момент за европската безбедносна структура.
Пендаровски изразил очекувања од земјите-членки на Унијата за подинамичен пристап и проактивност кон проширувањето на Европската Унија.
Подготвено од М.Н.